Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Грчките медиуми акцентот во своите извештаи за вчерашната средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас во Охрид го ставот на изјавата на шефот на грчката дипломатија дека се направени чекори напред и дека уште остануваат отворени тешките прашања, но и на делот од изјавата на македонскиот министер за надворешнио работи дека е разговарано и за временскиот рок за имплементирање на евентуалниот договор.

Грчките новинари коментираат дека и натаму остануваат отворени прашањата-ерга омнес употребата на името, Уставот и националноста, додека, пак, договор е постигнат за заштита на границите, заеднички активности во иднината, билатералната соработка и иредентизмот, пренесува дописникот на МИА од Атина.

Во централните изданија на вестите на грчките телевизии, средбата во Охрид овој пат не беше главна тема поради тоа што од вчера прва вест во Грција е падот на воениот хеликоптер во Егејското море и загинатиот пилот. Но, сепак, новинарите детално и темелно известија за новата рунда разговори на шефовите на двете дипломатии.

„Без големиот чекор од скопската страна завршија разговорите на Коѕијас и Димитров во Охрид, но процесот продолжува со договор за одредени аспекти на името, а остануваат разликите“, објави грчката државна телевизија ЕРТ, додека пак ТВ Антена коментира дека прашањата поврзани со Уставот и севкупната употреба на сложеното име „остануваат на теренот на Скопје“.

„Тешките прашање се пред нас, произлезе по новата средба на Коѕијас и Димитров во Охрид, а двајцата министри беа воздржани оптимисти, од моментот кога консултациите преминаа кон јадрото на критичните прашања“, објави ТВ Скај.

Грчката телевизија Алфа, пак, повикувајќи се на свои информации откри детали околу временската рамка за која разговарале Димитров и Коѕијас.

„Според информациите, временската рамка за која за прв пат разговараа двајцата министри, во главно се однесува на потезите што треба да ги направи Скопје, кога и доколку постои договор, односно кога и како ќе го сменат нивниот Устав, кога и како ќе помине договорот во собранието и кога новиот договор ќе биде доставен во ОН. За сѐ ова да се направи, според истите информации, ќе поминат над 6 месеци“, објави ТВ Алфа, пренесе МИА.

Грчките медиуми коментираат дека по средбата во Охрид, двајцата министри ќе ги известат премиерите, а Димитров и Коѕијас веќе ги закажаа нивните следни средби за идниот месец.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново