Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со објавување во Службен весник на штотуку донесениот Закон за заштита на сведоци, СЈО ќе ги активира сведоците за кои постојано зборуваше дека не смее да ги спомене, зашто постоеше опасност уште истиот момент кога ќе ги предложи, да ги дознае цела Македонија и пошироко.

Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, заштитени сведоци ќе се појават најверојатно во истрагите што се водат за перењето пари во „Актор“, во „Скопје 2014“, во почнатата истрага за кражба со увозот на струја, каде има сомневања за нелегално присвоени огромни суми државни пари, кои отишле во приватни џебови, потоа за убиството на Мартин Нешковски и за други истраги.Бидејќи Законот за заштита на сведоци се однесува во делот на процесните дејствија, СЈО ќе може веднаш да го примени и за веќе почнатите судски процеси, иако обвиненијата одамна се поднесени и сведоците и доказите се предложени.

Истиот извор тврди дека заштитени сведоци веднаш може да се појават во случаите за „Таргет и Тврдина“ и во предметите за изборни нерегуларности.

Извор: СКД

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново