Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечерва ќе ја зафати територијата на Република Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина дожд од над 25 литри на метар квадратен. Можна е и локална појава на град, особено во североисточните делови.

Синоптичарите за периодот од утре до петок најавуваат стабилно време освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.

Во Скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во вечерните часови процесите ќе се интензивираат.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново