Димитров: „Пуштете ми мудрост и нерви!“
Објавено на 22 мај, 2018 во 08:45
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во четврток и петок треба да се сретне во Њујорк со грчкиот колега Никос Коѕијас и да почне новата рунда преговори.
Овој пат македонската страна повторно ќе го стави на маса предлогот Република Илинденска Македонија, кој Грција веќе го одби.
Можеби затоа министерот напиша пост на својот ФБ профил „ Пуштете м ве молам мудрост нерви!“ пред тргнување на аеродромот во Скопје.
Димитров и Коѕијас ќе се сретнат овој пат во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.