Катимерини: На маса е „Северна Македонја“
Објавено на 1 јуни, 2018 во 09:11
Грчкиот весник Катимерини, во интернет изданието на англиски јазик објавува дека најверојатното име кое ќе доведе до договор меѓу Атина и Скопје е Република Северна Македонија (Северна Македонија).
Весникот притоа се повикува на информации од вчера.
Притоа се наведува дека и другите имиња, од првичните пет предлози од медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, остануваат на маса, но се очекува Северна Македонија да преовладува, пишува Катимерини, повикувајќи се на свои извори.
Весникот исто така потсетува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува многу брзо телефонски да разговара со својот колега Зоран Заев, и во следните денови и да се сретнат, сигурно пред самитот на лидерите на Европската унија на 28 јуни.