Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

За попладневните часови е закажан телефонскиот разговор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, според информациите во Грција, но и според она што на прес-конференција го кажа лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој рече дека „грчкиот премиер денеска попладне очекува да има телефонски разговор со Заев“.

Грчките медиуми објаснуваат дека двете страни треба прво да го известат специјалниот претставник на ОН, а фактот што медијаторот Метју Нимиц е во Њујорк и поради временската разлика, телефонскиот разговор е закажан за попладне.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, неофицијално, по телефонскиот разговор со Заев, Алексис Ципрас ќе го информира, прво претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, потоа лидерите на политичките партии и на крај ќе има обраќање до јавноста. Додека, пак, во петок, во грчкиот парламент ќе се одржи расправа за пратениците и граѓаните да се информираат за содржината на договорот.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново