Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zaev fin

Денес е голем, историски ден за Македонија “, рече Заев.

Македонскиот премиер Зоран Заев ги повика своите сограѓани да слушнат за поканата за членство на НАТО.

Радувај се Македонијо!

Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени.

Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата.

Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми.

Денес е голем, историски ден, за Република Македонија.

Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја
, напиша тој на Фејсбук.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави дека водачите на сите 29 земји-членки официјално ја поканија Македонија. Тој прецизира дека откако Скопје ќе ги направи потребните промени во уставот, ќе “можеме официјално да ја поканиме земјата да влезе во НАТО под новото име – Република Северна Македонија”.

Пороцедурата е дека со потпишувањето на протоколот за влез во НАТО, таа мора да биде ратификувана од парламентите на сите 29 земји-членки.

Членството на Македонија во Алијансата стана можно по решавањето на долготрајниот спор околу името со Грција.

Договорот меѓу двете земји во јуни во Преспа беше потпишан од министрите за надворешни работи, Никос Кодијас и Никола Димитров.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.