Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

vmro fin

Македонија не доби ниту безусловна покана за НАТО, ниту датум за почеток на преговори со Европската Унија. Македонија со СДСМ доживува вистинско дипломатско фијаско, вели опозициската ВМРО- ДПМНЕ во партиско соопштение.

– Македонската дипломатија крахираше и за тоа мора да се понесе одговорност. Како што нема резултати во ниеден реален сектор во животот, нема во економијата, здравството, образованието, нема ниту еден напредок во земјоделието, така нема резултати ниту во интегративните процеси. Зоран Заев и неговата влада само нижат порази, нема ниту една победа.

Денеска Македонија не доби аплаузи, денеска Македонија доби шамари.

Токму затоа, како прв чекор на власта е оставка на Никола Димитров кој што заедно со Зоран Заев ја донесоа државата во ќорсокак.

Условите за членство во НАТО, Република Македонија ги има исполнето уште во 2008 година. И сите последователни извештаи го потврдуваа тој напредок. Тоа што сега го направи Заев што ја донесе државата во ситуација да биде заложник на еден исклучително штетен договор кој во својата основа е капитулантско дело.

Македонија не станува членка на НАТО, Македонија нема датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска остварија уште еден тежок пораз за Македонија.

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново