Џафери ги откажа сите активности и замина за Косово
Објавено на 27 јули, 2018 во 08:25
Сите активностите на претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, закажани за денеска, нема да се одржат, соопштија од неговиот кабинет.
Причината како што наведуваат е што Џафери ќе присуствува на комеморативната седница во Собранието на Косово за починатиот косовски активист за човекови и национални права, Адем Демачи.
Меѓу денешните активности на Џафери беа и тоа што пред него новите членови на ДИК требаше да дадат свечени изјави, а за попладнево беше предвидено тој да се сретне и со романската премиерка Виорика Данчила која денеска е во официјална посета на Република Македонија.
На средбата со Данчила ќе присуствува потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски.