Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

 

krivolak 2Македонија не очекува само да стане земја членка на НАТО и да ги користи придобивките на членството, туку таа е држава која има што да им понуди на сојузниците, а воениот полигон Криволак е типичен пример за тоа, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на посета на обука на американските копнени сили на САД на Криволак, кои од 1 до 20 август одржуваат вежби.

 

Шекеринска рече дека во изминатиот период е инвестирано во капацитетите на Криволак и нивно сертифицирање, истакнувајќи дека е задоволство да се слушне за високите оценки и капацитети на полигонот Криволак кој Македонија го понуди за вежби на силите на САД.

 

„Македонија не само што ги користи ресурсите на НАТО, туку има и што да понуди кон Алијансата, а обуката на копнените сили на САД во Криволак е доказ за тоа. Односите меѓу САД и Македонија секогаш биле на високо ниво а ова е доказ дека Македонија има што да понуди. Засиленото присуство на меѓунардоните сили во Криволак, придонесуваат и за локалната економија поради зголемената побарувачка, а самото членство во НАТО ќе донесе стабилност и сигурност за подобра економија во целата држава. Ние сме убедени дека граѓаните го поддржат членството во НАТО“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

извор: 1tv.mk

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново