Сончево со мала доумерена облачност
Објавено на 4 септември, 2018 во 07:16
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, температурата ќе достигне и до 33 степен, додека УВ индексот ќе изнесува 7, соопштуваат од УХМР.
Синоптичарите додаваат дека времето и во Скопје ќе биде исто, односно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.
Во Скопје максималната температура ќе достигне до 30 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.
Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локален краткотраен дожд, особено во среда, велат од УХМР.