Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

gruevskiiboskovski fin

Главните аргументи со кои Министерството за правда ќе бара екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски е побивање на аргументите на судот во Грција околу дадените помилувања од претседателот Ѓорге Иванов, рече министерката за правда Рената Десковска одговарајќи на новинарско прашање.

-Помилувањата се дадени без правен основ, на законски одредби што во моментов не се во правна сила во Република Македонија и од тие причини практично не ни произвеле правно дејство. Секако се образложува и постапката која е правена со измена на законот и повлекувањето, рече Десковска.

Министерката посочи дека ново барање за екстрадиција на Грујевски и Бошковски од Грција е подготвено и оти во моментов се преведува согласно Договорот со Грција.

Десковска не сакаше да го коментира текстот на законот за амнестија, бидејќи е во фаза на договарање и не ги знае точно деталите и во кој правец им се различните мислења и разликите во концепирањето на текстот.

-Колку што знам се уште нема усогласена верзија. Ако во текот на денот излезе текстот без забелешки од било кој тогаш ќе можам да го коментирам. Сега во фаза на договарање не би сакала да коментирам, додаде таа.

На прашање дали недостигот на меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски е причина за тој да не биде задржан во ниту една земја при неговоот бегство во Унгарија, Десковска рече дека ова прашање е во делот на Министерството за внатрешни работи, но дека тие држави немале обврски да делуваат ако немало во моментот меѓународна потерница.

– Како правник можам да кажам дека секоја институција дејствува врз основа на определени правни акти и на механизми кои функционираат. Ако немало во моментот меѓународна потерница, а како што знаеме немало, тогаш и тие држави немале обврски да делуваат, рече Десковска одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за правда, УНИЦЕФ,

Адвокатска комора и Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.