Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

nesrekakajBlace fin

Денеска се одбележуваат единаесет години од хеликоптерската несреќа, кај село Блаце, Катлановско, во која загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада на АРМ.

На спомен одбележјето во Катлановско Блаце цвеќе ќе положат делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, воздухопловната бригада, прва механизирана пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Претходно, припадниците на воздухопловната бригада и делегации од МО и АРМ ќе го одбележат настанот и на спомен обележјето пред командата во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Единаесетте македонски мировници загинаа на 12 јануари 2008 година, на враќање од мировна мисија „Алтеа“ во Босна.

Во несреќата загинаа Тони Спасовски, Горан Ристовски, Бране Спасовски, Игор Ѓорески, Славчо Василев, Тони Давитковски, Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и Златко Вељановски.

Хеликоптерот МИ-17 со кој тргнаа на последниот лет требаше да слета на воениот дел од скопскиот аеродром. Спомен обележјето е поставено точно на местото каде се урна армискиот хеликоптер.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.