Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zgradanavlada fin

Уставните измени во третата и финална фаза денеска повторно пред пратениците во Собранието во рамки на 75. седница, откако вчера закажаната седница беше одложена и презакажана за денеска во 12 часот.
Ова е трет обид да започне седницата на која ќе бидат усвоени уставните амандмани, откако изминативе два дена седницата беше постојано пролонгирана и одложувана.

Причина за ова презакажување е тоа што премиерот, Зоран Заев, има се уште мака да се договори со крилото на Билал Касами во БЕСА, кое ги има потребните гласа за постигнување на двотретинско мнозинство. Без пратениците на Касами, уставните измени не би можеле да се донесат.

Како што е познато Касами бара промени во амандманите, такви што би задирале во самиот Договор од Преспа. Имено условите на Касами се во графите за државјанство да не стои македонско, туку само граѓанин на Република Северна Македонија. Според неофицијални извори, Касами понудил опција етничките Албанци во Македонија да можат сами да изберат како да гласи државјанството во нивните патни исправи, но високи владини извори велат дека за тоа воопшто не се разговарало.

-Не е точно. За тоа воопшто не се разговара. Државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија – велат од Владата.

Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека се уште се во преговари со партијата Беса на Биљал Касами, која има два пратеника во Собранието, околу нивните барања за уставните измени, со фокус на начинот на кој ќе се дефинира државјанството и за заштитата на дијаспората, но засега нема официјални информации за текот на преговорите.

– Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме, изјави Заев.

Паралелно со подготовките за уставните измени во Собранието, надвор пред парламентарната зграда се одржа граѓански протест против промена на името, во организација на „Македонија блокира“ и партијата

„Единствена Македонија“. На протестот се приклучи и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во своето обраќање порача дека „на отворена сцена се одвива ова пазарење со името и идентитетот “ и дека “тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе сторат се за договорот да не се случи“.

Македонското Собрание на 19 октомври со 80 гласа ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. Иако потребното двотретинско мнозинство во правата фаза од менување на Уставот беше неизвесно до самиот почеток на гласањето, сепак во последен момент освен 72 пратеници од владејачкото мнозинство за пристапување кон изменување на Уставот гласаа и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. За втората фаза, која помина минатиот месец, беа потребни 61 глас од вкупно 120 пратеници. За завршување на третата и последна фаза е потребно двотретинско мнозинство гласови.

Извор: Фокус

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.