Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Strazamagla fin

Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола и на планинскиот премин Стража. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Ѓавато и Буково кој засега не се задржува на коловозот, информира во утринскиот извештај Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

На Меѓународниот аеродром Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања. Ноќеска по полноќ е откажано слетувањето на авионот на „Виз ер“ од Базел, покажуваат податоците од веб страницата на Скопскиот аеродром.

Како што соопштува АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Најново