Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zgradanavlada fin

По добивањето на Вербалната нота со која Атина денеска ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, и исполнувањето на сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, почнува примената на новото име Република Северна Македонија.

Во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.

Потоа, како што најави МНР, Република Северна Македонија и Република Грција ќе достават заедничко писмо до генералниот секретар на ООН, со кое го информираат генералниот секретар Антонио Гутереш за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

Потоа за промената на името ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.

Во меѓувреме, почнаа и практичните подготовки за примена на новото име. Од зградата на Владата веќе е отстранет натписот „Влада на Република Македонија“

Владата формира Интересорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата – Република Северна Македонија.

Од Владата не очекуваат проблеми од државните институции при користењето на новото име на државата.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците што значи дека таблите ќе бидат напишани и на албански јазик бидејќи, како што изјави неодамна владиниот портпарол Миле Бошњаковски, Албанците се 20 проценти на државно ниво.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.