Променливо облачно време со сончеви периоди
Објавено на 14 февруари, 2019 во 08:33
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала облачност, околу пладне и попладне облачноста ќе се зголемува па ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала облачност, попладне со повремено зголемување на облачноста. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне околу седум степени.
И утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од снег, главно со слаб интензитет. Од сабота следува период на претежно сончево време со пораст на дневната температура.