Најстудено утрово во Маврово и Лазарополе со 12 степени под нулата
Објавено на 14 февруари, 2019 во 08:40
Во голем дел од земјава утрово се измерени температури под нулата.
Најстудено било во Маврово и Лазарополе -12 степени целзиусови, -8 во Крушево и Крива Паланка, -6 во Битола и Берово, -5 во Претор и Дебар, -4 во Тетово, Прилеп и Виница, -3 во Скопје-Петровец, Охрид и Струмица, -2 во Скопје-З.Рид, Штип и Куманово и -1 степен во Демир Капија. Најтопло било во Дојран 1 степен и Гевгелија 2 степени целизиусови.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот изнесува 79 сантиметри во Попова Шапка, 46 во Маврови Анови, 25 во Крушево и 12 во Лазарополе.