За една година, Македонија ќе плати скоро 90.000 евра штета пресудена од судот во Стразбур
Во три случаи судот констатирал прекршување на правото на фер судење, во два за прекршување на правото за судење во разумен рок а во по една за прекршување на правото на почитување на приватниот живот, на слободата на изразување и слободата на собирање и здружување.
Зоран Дранговски претседател на Здружението на млади правници рече дека процедурата за прогласување на луѓе опасни по безбедноста на државата мора да се менува особено кога станува збор за бегалците во Македонија.
Според Извештајот во текот на 2017 година пристигнале 23 одлуки зa извршување а под под надзор на следење на процесот на извршување останале 52 предмети.
Рак рана на извршувањето на пресудите што Македонија ги загуби пред судот во Стразбур се пресудите на Ел Масри против Македонија и на Хајрулау против државата. И двата предмети се по зајакнат надзор на Комитетот на министри на Советот на Европа.
Заклучно со 31 декември 2017 година во постапка пред судот во Стразбур ималчо 350 активни апликации а биле примени и нови 345 жалби против Република Македонија.
Меѓу нив се и жалбите на обвинети во предмти на Специјалното јавно обвинителство за кои владиниот агент што ја застапува Македонија пред судот во Стразбур, Даница Џонева вели дека такви предмети за сега во Бирото не се стигнати.
По основ на пресуди и одлуки на Европскиот суд за човекови права во 2017 година Македонија треба да испалти без малку 90.000 евра.