Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

stejtdepartment fin

Во Република Северна Македонија има напредок во медиумите и судството, но останува да се решат уште низа важни проблеми како корупцијата, се наведува во најновиот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент.

Владата на Северна Македонија во 2018 година презела активности да истражи, обвини и казни полициски официјални лица кои направиле злоупотреби додека властите во земјата имале ефективна контрола врз безбедносните служби, но сепак постои високо ниво на корупција, се вели ви извештајот.

Понатаму стои дека „Владата или нејзините агенти не извршиле произволни или незаконски убиства“.

– Државните затвори и притвори не успеале да ги имплементираат меѓународните стандарди и во некои случаи, согласно извештајот за превенција од тортура на Советот на Европа од октомври 2017 година, условите би можеле да се опишат како сурови, нехуамни и деградирачки, се вели во извештајот.

Се додава дека затворите и натаму се соочуваат со недостиг на финансии, нессодветна обука на полициски офицери и корупција.

Извештајот укажува дека Народниот правобранител открил оти истрагите на властите во врска со обвинувањата за малтретирање и злоупотреба на затворениците генерално биле неефикасни.

-Во повеќето случаи судовите се придржуваат до законите и процедурите за притворање. Оваа година бројот на наредби за притворање опаднал значајно споредбено со минатите години. Во повеќето случаи, на барање и на Јавното и на Специјалното обвинителство, судот одредил превентивни мерки наместо притвор за осомничените, стои во годишниот извештај.

Се наведува дега во 2018 година властите покажале поголема почит кон независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години.

-Ограничената независност на судството, политизацијата на судскиот надзорен орган и недоволните финансии се понатамошна пречка за работата и ефикасноста на судовите, оценува Стејт департментот.

Се истакнува и дека судството генерално го почитува правото за фер судење.

Во врска со случувањата во Парламентот од април 2017 година и судската разврска на случајот се вели дека 33 лица биле обвинети за „тероризам и загрозување на уставниот поредок“. Понатаму стои дека „опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека обвиненијата против 33 лица, вклучувајќи и членови на Парламентот, биле политички мотивирани и преувеличени. Нема доказ дека Владата одбила пристап до овие затвореници на хуманитарните организации и од групите за човекови права“.

Согласно извештајот, Владата направила прогрес во почитување на слободата на медиумите и слободата на изразување, иако проблемите како слаба медиумска независност, насилство и заплашување на новинари остануваат.

– Има некои извештаи дека Владата ги принудила новинарите на автоцензура. Европската комисија, во извештај од 17 април, забележува дека нема напредок во заштитата на работните услови на новинарите, како резултат на што тие се уште практикуваат автоцензура, велат од Стејт департментот во најновиот извештај.

Генерално, во светот извештајот забележува и убиства, недостиг на слобода на изразување и рестрикции за политичко учество во Венецуела, екстремно влошени човекови права во Иран и Кина. Додека пак за Русија се вели дека постојат бројни извештаи за тоа дека властите или нивни агенти извршиле произволни или незаконски убиства.

На презентацијата на извештајот, државниот секретар Мајк Помпео ја истакна Кина како „лига за себе“ кога станува збор за прекршување на човековите права.

-Во Јужен Судан безбодносите сили извршија сексуални злоставувања против цивили врз основа на нивната политичка определеност и етникум, додека во Никарагва мирни демонстрации за социјални права беа дочекани со снајпери, истакна Помпео, додавајќи дека администрацијата размислува за воведување санкции против кинеските официјални лица одговорни за непочитување на човековите права.

Извештајот за човековите права во кој се детализира состојбата на човековите права поединечно за секоја земја, Стејт департментот го поднесува до Конгресот на усвојување. Извештајот се објавува редовно од 1976 година./МИА

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.