Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zgradavmrodpmne fin

„Македонија е заробена држава, заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија. Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политичкиот прогон на неговите неистомисленици. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење“, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е единствената држава во демократска Европа во која во 21 век во затворите се уште има политички затвореници, луѓе кои таму се наоѓаат само поради различните политички ставови со Зоран Заев.
Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот кој не бира средства и начини за вршење тортура врз политичките противници на власта.

Доказ за политичкиот прогон во Македонија е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка, и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27 април.

Правото и правдата во Македонија мора да се врати. На заевизмот кој е реминисценца на криминалната транзиција мора да се стави крај. Победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори ќе го најави враќањето на правото и правдата во Македонија, ќе го најави поразот на заевизмот и враќањето на правдата во нашата држава. Правната држава ќе се врати во моментот кога Зоран Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена“, додаваат од партијата.

 

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.