Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

krivicensud fin

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „ТНТ и „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство.

Предметот „ТНТ“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев, а меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

На обвинителната клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“. Станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново