Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sjo fin

Шведската Влада високо ја вреднува работата на Специјалното јавно обвинителство. Продолжувањето на досегашните истраги, обвиненија и случаи треба да биде обезбедено, пренел амбасадорот на Шведска во Република Северна Македонија, Матс Стафансон на средбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзините соработници.

Како што соопштија од Шведската амбасада, Стафансон нагласил дека Шведска и другите земји членки на Европската Унија одблиску ги следат преземените чекори за измените на Законот за јавното обвинителство, со кои СЈО би станало постојан дел на правниот систем на Северна Македонија и во иднината би требало исто така да има проширен мандат за делување со други случаи на корупција на високо ниво.

Амбасадорот Стафансон ги поздравил позитивните промени кои се случуваа во изминатиот период во нашата земја и нагласил дека се уште постои силна потреба за справување со корупцијата на високо ниво и за истражување на бројните индикации за злоупотреба на моќ, кои произлегуваат од снимените комуникации.

– Во овој контекст, СЈО мора да ја задржи својата круцијална улога преку осигурување на неговите капацитети и независност. Бидејќи има јасно влијание врз ЕУ перспективата на Северна Македонија, политичките партии и Собранието би требало да го решаваат ова прашање со огромна итност, порачал Стефансон на средбата со Јанева.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.