Среќно претседателствување му посака Катругалос на Пендаровски во име на грчкиот државен врв
Објавено на 12 мај, 2019 во 13:55
Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос преку Твитер објави дека на новиот претседател на Северна Македонија му ги пренел желбите на грчкиот државен врв за успешно вршење на должностите во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа.
-На новиот Претседател на Северна Македонија, на господинот Пендаровски, му ги пренесов желбите на државното и политичкото раководство на нашата земја за успешно вршење на неговите должности во новата, позитивна клима создадена со Договорот од Преспа, напиша Катругалос на Твитер и објави фотографија со претседателот Пендаровски.