Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

soobrakajka fin

Возачот и четворицата патници од возилото „рено 5“ се загинатите лица во сообраќајната несреќа што е случи синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ пред скопската населба Драчево.

Според информациите на МВР сообраќајката се случила во 23.40 часот помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(44) од Скопје и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

Возачот Ј.П. и четворицата сопатници во возилото „рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото на несреќата.

Возачот на камионот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршил и јавен обвинител, а од обвинителството соопштија дека возачот од непознати причини преминал во спротивната лента.

– Според првичните сознанија од увидот, несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ, кога автомобил Рено 5 со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад. Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени – соопштија од обвинителството.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.