Принцот Едвард,грофот од Весекс, во официјална посета на Северна Македонија
Посетата на грофот од Весекс на Северна Македонија ќе ги истакне цврстите релации меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, и ќе се фокусира на областите во кои Британија ја поддржува земјата во развојот на стабилноста, просперитетот и можностите за идните генерации.
Принцот Едвард на аеродромот во Скопје беше пречекан од Радмила Шекеринска, Заменик претседател и министерка за одбрана на Република Северна Македонија.
Неговото Височество принцот Едвард ќе оствари билатерална средба со Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.
Принцот Едвард заедно со премиерот Зоран Заев ќе присуствува на прием со Чивнинг стипендисти на британската влада, како и млади лидери и едукатори.
Високиот гостин исто така ќе посети градинка каде ќе му биде претставена програма спроведувана од УНИЦЕФ со поддршка на британската влада. Програмата за ран детски развој помага за развој на инклузивно однесување кај децата во претшколска возраст, како инвестиција за социјалната инклузија во иднина.
Неговото Височество, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе присуствува на настан на кој ќе бидат промовирани врските помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија во областите на животна средина, образование, инклузија и уметност. Ќе бидат презентирани примери каде со помош на британска поддршка младите луѓе работат на изнаоѓање одржливи решенија за урбано планирање и биодиверзитет, одржлива мода, образовната програма „Училишта на 21 век“ спроведувана од Британскиот совет и инклузивна танцова претстава.
Посетата на принцот Едвард на Северна Македонија е точно 13 години откако Неговото Височество ја отвори новата британска амбасада во Скопје на 16 мај 2006 година.
Освен Северна Македонија грофот од Весекс официјално ќе ги посети Словенија и Хрватска, во периодот од 14 до 17 мај 2019 година.