Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Zaevnavladinasednica fin

Разговорите на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ околу најавената реконструкција на Владата се во тек и според најавите на премиерот Зоран Заев првите промени се очекува да се случат најдоцна до средината на јуни.

Тој засега не открива имиња, но како што изјави, знае кои лица би ги поставил на местата кои ќе бидат испразнети по најавената „метла“ во Владата и други државни институции.

– Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, изјави вчера Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според Заев, партнерските односи со ДУИ се стабилни, а довербата меѓу него и лидерот на ДУИ е голема. Свесни сме, вели тој, дека имаме одредени слаби кадри во нашите редови и затоа и зборуваме за промените и тие се случуваат.

Дека разговорите меѓу коалиционите партнери финишираат потврдуваат и од ДУИ од каде велат дека 90 проценти од работите се завршени.

Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити за „Алсат М“ вчера изјави дека наредните денови се очекува да биде познат новиот формат на Владата, која според него, би се викала Влада „Заев2“ и би се концентрирала на економијата и капиталните инвестиции.

– Мислам дека 90 проценти од прашањата се затворени. Очекуваме наредните денови да заврши договорот и да излезе во јавноста новиот формат на Владата. Ако ме прашувате за имиња, не ги знам, изјави Меџити во емисијата „Патот кон“.

Во јуни се очекува да се одржи и седницата на Собранието на која би се избирале новите министри во Владата. Според претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 7 јуни натаму би можело да се одржи првата наредна пленарна седница на која би се гласало за одземање на мандатот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, а доколку стаса предлог од премиерот, и да се изберат нови министри.

– Од 7 јуни натаму во кој било термин може да се свика седница без оглед дали тоа ќе се однесува на најавените предлози од Владата или друга редовна седница која би се свикала за пристигнати материјали. На првата наредна седница би требало да се расправа околу извештајот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за недоаѓањето на Груевски шест месеци, рече вчера Џафери на средбата со новинарите.

Според него, не е спорно на иста седница да бидат и двете точки на дневниот ред.

 

Поврзани вести

300x250 web banner Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 26/07/2019 година.