Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

SJO fin

Европската комисија бара истрагите за илегалните прислушувања да продолжат и покрај оставката на првиот човек на СЈО, Катица Јанева, односно нејзиното поврзување со Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец), кои се притворени поради рекет на бизнисмен. Оттаму велат дека ја примиле на знаење најавата на Јанева да го напушти СЈО, но повторуваат оти е важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на Специјалното јавно обвинителство.

„Европската Унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања“, стои во кусото соопштение од ЕК.

Само неколку часа претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го прогласи СЈО за минато свршено време, нагласувајќи оти кредибилитетот на ова обвинителство е целосно уништен и не постои шанса да продолжи да функционира во облик како сегашниот. Во еден неочекувано вмешување на политиката во судството, Христијан Мицкоски побара на Јанева да ѝ биде одреден притвор, а Јавното обвинителство да се охрабри и чесно да ја води истрагата кон нарачателите на рекетот.

„Тие двајцата не би се осмелиле да уценуваат доколку зад нив не стои врхушката на СДСМ“, дециден е Мицкоски.

Според него, станува збор за втор криминален октопод на СДСМ предводен од Зоран Заев, но овој пат, истакна, поголем со изразено криминално рекетарска медиумска спрега на високи функционери на власта. Овој втор криминален октопод, смета Мицкоски, е милје сочинето од неформален сопственик на медиум, обвинители чие дејание, потенцира, не може да биде возможно без поддршка од власта каде што имаме злоупотреба на медиум, тргување со правдата, финансиски интереси и политички мотиви.

„Никаде ги нема фамозните Фрики и Кики, кои заедно со првообвинетиот, како што се говореше во некои написи, вршеле уцени, изнуди и влијанија. Мојот сомнеж, а и на ВМРО-ДПМНЕ, е дека во сето ова се вклучени директно лица од самиот врв на власта“, рече Мицкоски, алудирајќи на два пратеника од СДСМ, кои до скоро беа на видни функции во партијата.

Во СДСМ, пак, го оценија настапот на Мицкоски како уште еден негов обид да се заштитат криминалните на Никола Груевски. Според портпаролот и пратеник Костадин Костадинов, СДСМ ќе направи сè правдата да биде задоволена. Во однос на двајцата пратеници за кои во јавноста се зборува дека се дел од рекетарскиот скандал, Костадинов вели дека доколку во транспарентна постапка се докаже дека се огрешиле, СДСМ ќе преземе мерки согласно партискиот статут.

Шокантниот развој на настаните го изненади и вицепремиерот Бујар Османи, кој изрази разочараност од апсењата за случајот. Побара истражните органи да го кажат последниот збор кога е во прашање истрагата против припадници на СЈО, но потенцира оти земјава има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борба против корупцијата на високо ниво во политиката.

„Тоа е барање на Европската Унија, тоа е барање на граѓаните, и со таков став ќе се претставиме на лидерската средба“, изјави Османи.
Тој додаде дека ДУИ останува и на иницијативата за воведување ветинг, оценувајќи дека тоа е потребно меѓу граѓаните да се врати довербата во институциите.

И пратеникот Фадил Зендели од Беса смета дека треба да има правна разврска на случајот „рекет“ бидејќи, според него, тоа е еден од предусловите за евроинтеграциските процеси на земјата. Тој рече дека неговата партија го поддржувала СЈО и оти и натаму го поддржува, но дека ситуацијата уште повеќе се комплицира по она што овие два дена се обелодени во јавноста.

„Сепак, треба да се изнајде начин како СЈО да продолжи да функционира, со нови обвинители кои се докажани дека се независни во својата работа“, рече пратеникот.

Иако елиминацијата на Катица Јанева, чие продолжување на мандатот беше една од точките на несогласување на власта и на опозицијата, во политичките кругови се коментираше како дел од пакетот што би можел да резултира со компромис за законот за обвинителство, од ВМРО-ДПМНЕ велат оти тоа суштински не менува ништо.

„Премиерот Заев побара да разговараме за три теми: пописот, изборниот модел и Законот за обвинителство. Но за сите три теми имаме дијаметрално спротивставени гледишта. Работните групи на ВМРО и на СДСМ имаат средби и сме далеку од договор. Да бевме блиску, можеби ќе седневме да разговараме. Вака, нема потреба освен доколку Заев не е подготвен да разговара за предвремени парламентарни избори и тоа веднаш“, заклучи Мицкоски.

Во СДСМ одговорија дека лидерска средба в петок ќе се одржи и без Мицкоски. Свое присуство во Клубот на пратениците најавија Али Ахмети и Зијадин Села./Независен

 

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Најново

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.