Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Piter fin

Ајде да го поправиме и ова порачува Питер Ванхојте. Белгискиот експерт кој беше дел од преговорите за законот за СЈО и договорите од Пржино отвара многу дилеми.

Питер Ванхојте, белгиски екпсерт кој беше ангажиран од ЕУ во процесот на преговори и склучување на договорите од Пржино реагира за случувањата поврзани со Специјалното јавно обивинителство.

Тој беше дел од процесот на договарање на СЈО и избор на Катица Јанева.

statuspiter fin

„Анализирајќи го она што се случува, моето прво прашање е: зошто ова одеднаш доаѓа на површина? Кој стои зад ова? Дали Катица Јанева допре до одредени луѓе кои се веруваа дека се недопирливи и над законот? Како одговор на прашањето “кој има интерес за тоа да се случи”, можев да дадам долга листа со имиња, но тоа нема да и помогне на земјата напред. Сепак, едно е јасно: Политичарите целосно ја збркаа работата. Наместо да се гарантира непристрасна и независна правда, политичарите од сите партии продолжија со своите лични борби и ја заборавија важноста на правилното спроведување на основните демократски принципи, како што се поделбата на власта и потребата за независно судство“, пишува Вајхојте.
„Тоа е товарот од минатото, но никој никогаш не треба да заборави што се случило и да се осигура дека оние што биле вклучени во него, вклучувајќи го и г-дин Груевски, се правилно гонети и осудени. И ЕУ и г-дин Орбан треба да бидат свесни дека не може да му се даде право на азил, а во исто време да побара од Северна Македонија да го почитува владеењето на правото. Значи, да го исправиме и ова!“, порачува Ванхојте.

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново