Топло со температура до 39 степени
Објавено на 22 август, 2019 во 09:38
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индекосот ќе биде 8.
Во Скопје, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.
До недела ќе се задржи стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на лoкален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.