Побарана асистенција на армиски хеликоптери за пожарот во кумановско
Големиот шумски пожар во атарот на кумановските села Павлешенце, Градиште и Габреш кој избувна во сабота, е се уште активен, а за денеска е побарана асистенција од хеликоптер на Армијата.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, гори поголема повшина сува трева, нискостеблеста деградирана и дабова шума.
Две противпожарни возила на Територијалната противпожарна единица Куманово и седумина пожарникари вчера околу 12:45 часот излегле повторно на терен, а на помош им пристигнале и исто толку луѓе од Дирекцијата за заштита и спасување и екипа пожарникари од Свети Николе.
– Поради лошата конфигурација на теренот делувањето во гасење на пожарот е отежнато, а пожарот е се’ уште активен.Поради лоша видливост во вечерните часови, и непристапноста на теренот, екипите се повлекоа. Во раните утрински часови екипите повторно излегоа на терен и продолжуваат со нивното делување, информираат од РЦУК.
За денес е поднесено и барање за ангажирање на хеликоптери од страна на Армија на Република Северна Македонија.
Инаку пожарот избувна од сабота кога од атараот на селото Павлешенце, најпрвин огнот се разгорел од територијата на Свети Николе по што набргу ги зафатил и кумановските села.
Извор: Канал 77