Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zaev fin

Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ рече дека негативната одлука од Брисел ќе ја носи како нова лузна како што ја носи онаа од непријатните настани во Собранието од 27-ми април.

„Очекувавме ЕУ да ги исполни своите ветувања. Направија историска грешка. Нашата земја помина низ сериозни реформи, а тоа го покажуваат и договорите со соседите. Со Преспанскиот договор го решивме тридеценискиот проблем, но тоа беше и во насока на нашата перспектива во ЕУ, Тешко и болно е за сите нас“ – рече Заев.

Заев појасни дека иако сите зборувале за Франција тој верувал дека реформите во земјата дополнително би можеле да се направат паралелно со промената на методологијата на ЕУ.

„Имавме комлетно ветување од сите. Драго ми е што лидерите на сите 27 членки потврдија дека сме успешни и дека сега проблемот е во ЕУ“ – рече Заев.
„Причината треба да ни биде јасна на сите – дека не е до нас.Сите ја посочија нашата земја во позитивно светло. Суштината беше во дебатата во ЕУ,меѓудругото не можеа да се договорат и за претседател на Комисијата.“ – појаснува Заев.

Премиерот на Северна Македонија откри дека во вторник, на покана на италијанскиот премиер Конте, патува во Италија каде ќе се дебатира за прашањето за враќање на темата со ЕУ и Северна Македонија посочувајќи дека Италија е голем пријател на земјава. Исто така Заев рече дека очекува датумот за почеток на преговорите да се најде на дневниот ред на Самитот на ЕУ кој ќе се одржи на 7-мај следната година во Загреб.

 

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .