Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

amsm fin

Одрони од утрово го отежнуваат сообраќајот на патниот правец Македонска Каменица – Кочани. Возачи кои сообраќаат на оваа релација, пријавиле дека одроните се наоѓаат на 100-150 метри пред таканаречениот „каменолом“ во близина на местото „Драките“.

Според возачите одроните се со средна големина и се наоѓаат на десната коловозна лента под голема карпа кај месноста „Драките“, која од врнежите може да создаде дополнителни непријатности за што препорачуваа внимателно возење.

Од Македонија пат го потврдија случајот. Нивни екипи се на терен, со цел расчистување на одронот.

Поради влажните коловози од АМСМ препорачуваат внимателно возење и внимавање на одроните кои во овој дел од државата најчесто ги има на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево и Виница – Берово.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново