Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

izvrshiteli fin

Граѓаните и денеска трет вторник по ред протестираат пред Министерството за правда барајќи комплетна ревизија на работењето на извршителите. Тие бараат да престане блокирањето на сметките, наплатата на долгот да не трае подолго од две години и да се почитува застарувањето на долговите.

– Живееме во едно неправедно и неправично општество. Тука се случува еден социјален феномен кој ги донесува луѓето во должничко ропство.Тој социјален феномен е девијантен. Зошто? Затоа што се работи за преголеми долгови кои се виртуелни каде што главниците се многу мали во однос на тоа што нереалното што луѓето го плаќаат. На тој начин луѓето влегуваат во должничко ропство, наместо да евалуираат како човекови битија, да се занимаваат со своето семејство, да живеат за културата, за својот духовен развој, луѓето едноставно плаќаат некакви непостоечки долгови. Оние тужат ретроактивно, а не сакаат ретроактивно да направат закони. Ако донесат нов закон за нова висина на камата, таа висина би требало да важи ретроактивно – истакна Ана Глигорова од иницијативата „Стоп за извршителите“.
Марјан Ристески, еден од иницијаторите на протестот потенцира дека штом надлежните кажуваат дека сакаат да имат средба со граѓаните кои протестираат, тогаш „нека излезат па да видиме колку се храбри да се соочат со граѓаните, каде само неколку прашања ќе им поставиме“.

– Ги гледате како бегаат како ѓавол од крст кога некој ќе им спомне да работат за плата да се вратат во суд, па се жалат дека не можат да преживеат. Самите се контрадикторни. Ако веќе им е намален обемот на работа, ако немаат профит зошто не работат во суд за плата како секој граѓанин. Што е во прашање зошто не се враќаат? Во прашање се парите. Сакаат и понатаму да крадат, понатаму сакаат да одат на егзотични патувања. А овој народ не може да преживее. Бараме ветинг и за извршителите и ревизија на нивната работа – рече Ристески.

Граѓаните порачаа дека нема да се задоволат само со ветувања и бараат конкретни резултати, и посочуваат дека ќе протестираат додека надлежните не преземаат конкретни мерки.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново