Облачно, студено со слаб северен ветер
Објавено на 4 декември, 2019 во 07:02
Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен претежно северен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 4, Битола 2, Берово -1, Кавадарци 3, Крива Паланка 3, Дојран 5.
И за утре прогнозата е променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини магливо и студено.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 2, Маврово 0, Охрид 5, Битола 2, Крива Паланка 4, Берово 2, Кавадарци 5, Дојран 8 степени.