Сончево со максимална температура од 10 степени Целзиусови
Објавено на 13 јануари, 2020 во 09:56
Сончево и тивко со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Утринската температура треба да достигне до -7, а максималната дневна од 10 степени се очекува да биде измерена во Гевгелија. Во Охрид, Битола и во Штип до 7 степени, Скопје до 5, Тетово до 4 степени.
Таква е прогнозата на УХМР за денеска, а стабилно време се очекува и до крајот на оваа седмица. Утринските температури од утре до сабота ќе бидат некаде во интервалот од -7 до +3, а дневните од 4 до 13 степени.