Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zaev fin

Најголемото демократско право е правото на глас и фер и демократски избори. Верувам дека секоја земја која се декларира како демократска мора да има законодавство, вели Зоран Заев, претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во Телевизија Ал Џезеира Балканс.

Тој посочи дека моментално во нашата држава се носи Изборниот закон во кој треба да бидат вклучени препораките на ОДИХР, заедно власта и опозицијата, да направат изборна регулатива и изборен процес во кој веруваат сите.

Како држава поминавме низ еден тежок период, период на криза и од особено значење во тој период беа извештаите и насоките на Прибе и неговиот тим кој ја следеше состојбата во нашата држава, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во Телевизија Ал Џезеира Балканс.

Тој посочи дека денес во Северна Македонија законот важи за сите граѓани подеднакво, а од особено значење е транспарентноста и вклученоста на граѓаните како контролори на судството. Владеењето на правото и важењето на законите за сите подеднакво е од пресудно значење за сите граѓани – истакна Заев.

Во 2016 година и преку извештаите на ЕК беше констирано дека за време на изборите во Северна Македонија постоеше хибриден режим кој ги имаше окупирано сите институции, како национална телевизија , јавното обвинителство, изборните комисии и слично. Тогаш како опозиција побаравме да имаме Специјално јавно обвинителство , главен уредник на националната телевизија и техничка влада – посочи Заев.

Претседателот Заев посочи дека техничка влада има и сега во нашата држава иако СДСМ е на власт, но претставува големо искуство со кое и опозицијата и власта имаат гаранција дека изборите ќе бидат фер, демократски и регуларни. Кога опозицијата зема право тогаш презема и одговорност. Важно е да има закон за избори кои сите ќе го поддржат, затоа што низ него се вградуваат сите елементи кои учествуваат во изборниот процес – истакна Заев.

Северна Македонија е мултиетничка држава и посебно сум горд на тоа, денес е ново време кога повеќе не важно дали сме Срби, Македонци , Бошњаци и друго, важен е концептот кој што го поставивме, а тоа е „едно општество за сите граѓани“- истакна Заев.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново