Врнежи од дожд во котлините и снег на планините
Објавено на 20 февруари, 2020 во 08:48
Во текот на ноќта беше облачно, а утрово на повеќе места со врнежи од дожд, а на планините од снег. Дува слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне во поголем дел од земјава со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.