Реновираните блокови на студентскиот дом „Гоце Делчев“ сега изгледаат вака
Објавено на 20 февруари, 2020 во 09:00
Блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се реновирани и денеска беа официјално пуштени во употреба, со што најголемиот студентски дом во државата е целосно обновен и воедно енергетски ефикасен, јави МИА.
Во овие два блока се инвестирани 2,7 милиона евра – 2,3 милиона евра се за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.
Покрај реновираните соби во кои студентите се сместени, помошните заеднички простории на еден од катовите се пренаменети во простории за спортски и рекреативни активности со вградена вентилација.