Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

evropskikviznaparite fin

Република Северна Македонија вторпат е дел од Европскиот квиз на парите – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. Активностите за успешно одржување на националното натпреварување се во тек. Во таа насока денеска во Народната банка се одржа работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта кои се пријавија за учество,на која се обратија гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии Нина Ангеловска, заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска и Маја Стевкова-Штериева претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА), којашто е и организатор на Европскиот квиз на парите во земјава.

-По големиот успех минатата година, кога нашите национални претставници го освоија второто место во Европа, верувам дека на годинешното издание на Квизот, сите му пристапуваме со поголем ентузијазам. Ова го потврдува и фактот што бројот на пријавени ученици, годинава е значително поголем, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, по што одделно се осврна на предизвиците за подобрување на квалитет на човечкиот капитал со кој се соочуваме.

Таа додаде дека според индексот на човечкиот капитал на Светската банка, доколку се продолжи со сеопфатни реформи во образовниот и здравствениот систем децата кои се раѓаат во тековниов период кога ќе наполнат 18 години би можеле да бидат попродуктивни за 50 отсто. Ова, како што кажа таа, подразбира и потреба од вложување во финансиската едукација, особено на генерациите на дигиталното време.
Министерката за финансии Нина Ангеловска, посочи дека иницијативата на Европскиот квиз на парите носи повеќе придобивки во контекст на финансиската едукација, но и од аспект на образовниот процес во земјава.

-Оваа иницијатива носи повеќекратни придобивки. Првата е секако финансиската едукација, пренесувањето на знаењето од областа на финансиите на учениците од основните и средните училишта. Второ, квизовите, како начин за гејмифицирање на образовниот процес, го задржуваат интересот на учениците и можат поефикасно и ефективно да пренесат информации во некои случаи, во споредба на пример, со класичните методи. Трето, тоа е одличен начин за унапредување на процесот на менторство, односно на водството на ученикот од страна на наставникот. Изградбата на човечкиот капитал е од големо значење за нашата земја, а финансиската едукација игра важна улога од аспект на носењето на финансиски одлуки, рече Ангеловска.

Претседателката на МБА Маја Стевкова-Штериева, во своето поздравно обраќање упати голема благодарност до наставниците и професорите од основните и средните училишта од нашата земја за нивниот интерес за учество на Квизот.

-Минатата година на јавниот повик за учество на натпреварот се пријавија 145 одделенија, односно класови од основните и средните училишта од Република Северна Македонија, а оваа година 279. Тоа укажува дека вие ја препознавте важноста на знаењата за банкарството и финансиите за учениците, а и потребата за нивното совладување што порано, посочи Стевкова – Штериева.
Таа додаде дека радува фактот што МБА и институциите се обединети во желбата за финансиската едукација на младото поколение, како и дека тоа што ја прави особено горда е фактот што финансиската едукација станува предизвик за учениците во земјава.

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска, се надоврза на констатациите дека е неопходно во текот на образованието учениците да бидат информирани за постоењето и управувањето со финансиските ризици и дека возраста на учесниците на Квизот е идеален период од животот на секој поединец кога треба засилено да почне процесот на стекнување знаења од областа на финансиите.

-За надминување на предизвиците од финансиска природа, потребна е финансиска едукација. Ние, институциите на системот од оваа сфера, образовните установи и сите одговорни општествени чинители, сме должни финансиски да ги описменуваме младите и тоа и го правиме, порача Наумовска.

На работната средба беа презентирани одделните фази и беше извршена обука за учество во овој исклучително важен натпревар во знаења од областа на финансиите зад кој стои Европската банкарска федерација. Во нашата земја, носител е МБА во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, а активностите се спроведуваат со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука. На денешниот настан, со свои презентации се приклучија и другите регулатори на финансискиот систем.

Натпреварот за Европскиот квиз на парите ќе се одвива во три фази. Во првата половина на март ќе се одржат две интерни тестирања. Најдобрите на овие тестирања ќе настапат на националниот натпревар, кој ќе се одржи на 23 март, по кој ќе бидат познати победниците – двајцата ученици кои ќе ја претставуваат нашата земја на финалето на Европскиот квиз на парите во Брисел.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново