Денес до 19 степени, од вечер пак дожд и во среда снег
Објавено на 30 март, 2020 во 08:26
Сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 19 степени.
30.03.2020
Од денеска, според прогнозата на УХМР, повторно следува период на променливо облачно и врнежливо време. Пообилни врнежи се очекуваат в среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има значително заладување, што повторно ќе услови врнежи од снег и на некои пониски места.