Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mnr fin

31.03. 2020
Информираме дека уште 7 македонски граѓани се успешно репатрирани од Лима, Перу на европско тло. Во организација на амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија, а во соработка со МНР на Португалија, утрово авионот на португалскиот авиопревозник ТАП слета во Лисабон, од каде нашите граѓани го продолжија враќањето кон земјата.

Од сите досега пријавени за репатријација од Перу, остана уште еден случај на кој континуирано работиме, со оглед на отежнатите внатрешни околности во земјата, заради мерките од пандемијата. Со претходните 4 веќе пристигнати граѓани од Перу во земјата и овие 7, во моментот кога ќе се најде решение и за студентот од Куско, сите пријави за репатријација од Перу ќе бидат реализирани, благодарение на Европскиот механизам за цивилна заштита.

Преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија досега се репатрирани вкупно 29 македонски граѓани од Латинска Америка и од Карибите и тоа 11 од Перу, 4 од Бразил, 4 од Аргентина, 4 од Куба, 3 од Колумбија, 2 од Уругвај и еден од Барбадос. Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразилија е адресата за пријавување на затекнатите граѓани од Латинска Америка и од Карибите.

Министерството за надворешни работи уште еднаш изразува голема благодарност до МНР на Португалија за солидарноста и соработката.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново