Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

alkaloid fin

01.04.2020

„Алкалоид” АД Скопје соопшти дека на пазарот има производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција што ги произведуваат – Ecosal® и Dezintal®, а кои се воедно и нивни заштитени трговски марки.

Од компанијата апелираат купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и врз здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност.
За да им помогнат на купувачите да ги препознаат оригиналните производи Ecosal® Forte и Dezintal® произведени од „Алкалоид”, за чии квалитет и безбедност гарантираат, од компанијата укажуваат на следните детали што може да се забележат на самото пакување на производите:

На етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид”, како и логата на Ecosal® и на Dezintal®, кои гарантираат за оригиналното потекло на производитеи за преземените мерки во делот на нивната регистрација, во согласност со важечките регулативи, како производител секогаш е назначен „Алкалоид” АД Скопје, што подразбира дека производите се произведуваат и се полнат во контролирани услови на производство, производот Ecosal® Forte се произведува во пакување од 500 ml, со затворање приспособено на типот на производот – антисептик, наспроти фалсификуваното пакување од 1000 ml, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид”, производите доаѓаат со соодветно упатство за употреба, за кое можеме да гарантираме само доколку се произведени и доколку се спакувани во фабричките погони на „Алкалоид” АД Скопје.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново