Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер
Објавено на 2 април, 2020 во 07:53
2.04.2020
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер е прогнозата на УХМР за денеска. Претпладнето се’ уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура до 10 степени.
До сабота во поголем дел од земјава утринските температури ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има повремен локален дожд, а од понеделник ќе преовладува сончево време со натамошно постепено зголемување на температурите.