Од денеска почнува сончев период
Објавено на 6 април, 2020 во 08:31
6.04.2020
Времето денеска, според прогозата на УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во јужните делови пооблачно. Ќе дува умерен североисточен ветер. Максималната температура до 17 степени.
Утре и во следните денови не’ очекува сончево врме. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат значително повисоки. Утре до 20, а кон крајот на неделата и до 25 степени.