По повод Денот на здравјето, македонските пчелари ќе донираат мед за здравствените установи
Објавено на 6 април, 2020 во 10:37
6.04.2020
Македонскиот Сојуз на пчеларски здруженија организира хуманитарна акција за донирање мед на здравствените работници во македонските медицински центри.
Во изјава за МИА, Менде Трајковски, претседател на Сојуз на пчеларски здруженија истакна дека на Денот на здравствените работници и денот на здравјето 7-ми Април, ќе донираат во медицинските центри во повеќе македонски градови.
–По повод Денот на здравјето, утре на 7 април, преку локалните пчеларски здруженија во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Прилеп, Охрид, Кочани, Крушево и Македонска Каменица, ќе донираме мед кој ќе биде наменет за луѓето кои во овој момент се во „прва борбена линија” односно медицинските лица во клиничките центри-болниците, потврди Трајковски.