Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

stip fin

3.06.2020

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид и 19, денеска ќе го посети Штип.

Османи ќе се сретне со претставници на локалниот кризен штаб во проширен состав.

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека во Штип се затворени шест конфекции, дадени се 55 решенија за самоизолација, а во текот на следните денови ќе се тестираат околу 600 вработени. Досега се тестирани околу 100 лица.

Според вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од почетокот на епидемијата во Штип се регистрирани вкупно 103 случаи, а во моментов активни се 68. Бројот на оздравени пациенти таму изнесува 33, а на починати 2.

Комисијата за заразни болести вчера не даде препорака за воведување карантин или полициски час, информираше државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој деновиве е постојано на терен и ја следи состојбата со новозаразените во Штип.

Тој рече дека на Комисијата за заразни болести е утврдено дека за Штип бројките се помали од вчера и поради тоа не е донесена одлука за препорака за карантин или воведување полициски час.

Побара од работниците кои се опфатени со тестирањето да не шетаат низ градот, туку да седат дома се додека не ги добијат резултатите, за на тој начин да се спречи ширењето на коронавирусот. Смета дека со затварањето на петте конфекции состојбата во Штип ќе се нормализира. Милошев рече дека епидемиолозите од Центарот за јавно здравје од утрото се на терен и веќе ги земаат брисевите.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново