Синоличка Трпкова: Не смеат во 21 век да ни кројат судбина луѓе на кои религијата им е на прво место
4.06.2020
„Се’ одеше добро додека не се вмешаа партиите, нивните токсични политики и мозоци. Здравството иако на колена со децении сепак можеше да ни помогне со знаењето на лекарите“,пишува на својот фејсбук профил професоката Синоличка Трпкова.
„Министерот за здравство, како лекар, заедно со комисијата, си ја тераше обврската професионално. И тогаш тргна возот со политиканти и местенки и ја гангреносаа единствената надеж. И тоа на перфиден мијалковистички начин. Се’ во име на здравјето на граѓаните.
Кога само би знаеле вие од политичките партии, колку насобран револт има кај луѓето со мозок во земјава, заради сето тоа особено! Не може и не смее повеќе во 21 век да ни кројат судбина луѓе на кои религијата им е на прво место и со неа мафтаат кај стигнат.
НЕ – МО – ЖЕ! И НЕ-МО-ЖЕ државни празници да содржат верски празници. Една педа земја сме со мулти-култи народ. Не може на секој да му се праи ќефот и адетот“, посочи Трпкова.