Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

tabanovci fin

26.06.2020

Од денеска целосно се отвораат сите гранични премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин.

Одлуката ја донесе Владата во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести. Владата на истата седница донесе одлука од 1 јули да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид.

Останува обврската за почитување на препораките за носење лична заштитна опрема, држење дистанца и честа дезинфекција.

Според здравствените власти, отворањето на границите не претставува значаен ризик за зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик,.Оценката е дека отворањето на границите со почитување на превентивните мерки (воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез во државата) го сведува на минимум ризикот за зголемување на бројот на дијагностицирани пациенти.

Со одлуката за целосно отворање на границите на земјава македонските државјани ќе можат слободно да патуваат вон границите без обврска за негативен ПЦР-тест за коронавирус и задолжителен 14-дневен карантин при враќање во земјава. Сепак, со иклучок на Србија, Албанија, Косово и Турција, оваа обврска останува за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките. За патување во земјите членки на ЕУ важат насокоите дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули, годинава. Оваа одлука членките на Унијата деновиве треба повторно да ја разгледаат поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионов.

Грција, според најавите на властите во Атина, засега останува на основниот план за отворање на границите на 1 јули, но и со укажување дека тоа е „план што континуирано се ажурира и во соработка со европските власти”.

Словенија и Хрватска, пак, најавија можност за заострување на граничниот режим и повторно враќање на обврската за двонеделен карантин за лицата кои доаѓаат од Србија, БиХ, Црна Гора, Албанија, Северна Македонија и од Косово, имајќи ја предвид епидемиолошката слика во овие земји. Бугарија, пак, ја продолжи вонредната состојба во земјата до 15 јули поради новиот бран заразени со коронавирусот.

Во пресрет на отворањето на границите, на барање на Главниот координативен кризен штаб, Државниот санитарен и здравствен инспекторат синоќа донесе одлука со која се поништуваат сите дејствија по решенијата за периодот од 13 до 25 јуни годинава за лицата под здравствен надзор и домашна изолација и лицата во државен карантин кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново