Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

NikolovskiMK

6.07.2020 

Пред почетокот на средбата на Коалицијата „Можеме“ со претставници на бизнис заедницата во Велес генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во изјава ги соопшти младинските политики од изборната програма со кои на младите им се ветуваат побори услови за образование, вработување, повисоки плати и напредок во кариерата дома, во државата.

„Сум имал среќа да стигнам до позицијата генерален секретар на СДСМ иако ниту сум нечиј син, ниту ме поставил некој таму со некаква цел, едноставно сум се трудел повеќе од други и трудот имало кој да го препознае. Ферски, без протекции, како што треба!

Дете сум на работничко семејство, знам што значи работа, труд, напор да си ја оствариш целта.

Свесен сум дека мојот случај е редок и дека не е правило. Свесен сум дека на повеќето млади во земјата не им е лесно да испливаат на површина. Токму за тоа се борам. Да направам да биде правило квалитетот да испливува горе, а на дното да останат неработниците и оние кои сакаат без капка пот да ги жнеат плодовите.

Затоа направивме модел кој ќе обезбеди младите луѓе да се развиваат и напредуваат дома, а не во странство. Ќе извезуваме македонски производи, а македонците ќе останат дома.

Квалитетот и знаењето ќе се ценат, а не партиските книшки и врските. Нашите млади заслужуваат еднаква и фер шанса, нема веќе привилегирани.

Во изминатите три години ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво вработување на младиот човек.

За повеќе од 13 проценти ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица, но треба уште многу, бидејќи се уште е на високи 35%.

Преку ефикасни и домаќински политики стапката на младинска невработеност до 2024 година ќе ја донесеме под 17 %.

Тоа е речиси двојно пониска младинска невработеност од сегашната!

Преку конкретни мерки инвестираме и во младите земјоделци, за кои грантот го зголемивме од 10 на 20 илјади евра.

Со грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра обезбедуваме директна поддршка за младинското и женското претприемништво.

За сите нововработени до 29 години ќе има поврат на персонален данок во првите две години од работењето.

Парите одат директно на сметките на младите!

Ако сакаш иднина овде, ако ја гледаш тука желбата да се развиваш и живееш, изборот е лесен.

За жал, европскиот прогрес и економскиот развој не е можен со назадна понуда како празната националистичка пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ. Истата партија која иако се удира во гради дека е патриотска, гласаше ПРОТИВ се што е добро за вас граѓаните. Гласаа против минималната плата, против повратот на ДДВ, против зелената нафта, против укинувањето на радиодифузната такса и што уште не.

Затоа, изборот на 15 јули е многу лесен.

Ќе одиме напред сите или ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта назад?

Ќе одиме напред. Бидејќи заедно можеме!“ рече Николовски.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново